Србија на 11 декември отвора нови поглавја од преговорите со ЕУ

На Меѓувладината конференција, што ќе се одржи на 11 декември во Брисел, Србија ќе отвори нови поглавја во преговорите за членство во ЕУ.
Дипломатски извори од Брисел за Танјуг изјавија дека се уште се чека на согласноста на сите 28 земји членки на ЕУ, кои ќе одлучат дали ќе се отворат две или три нови поглавја во пристапните преговори со Србија.
Иако сите три поглавја - 6, 30 и 33, за кои во моментов се дискутира во работните тела на ЕУ, веќе добија „зелено светло“ од повеќе од 20 членки, до овој момент не е познато дали сите три поглавја ќе ја добијат потребната согласност од сите 28 земји на Унијата.
Според дипломатски извори во Брисел, земјите членки на ЕУ во моментов го разгледуваат Извештајот поднесен од Европската комисија во врска со исполнувањето на Акцискиот план на Србија за поглавјата 23 и 24.
Неофицијално, извори од Европскиот совет велат дека постојат најмалку две земји членки кои не се задоволни од напредокот на Србија во исполнувањето на обврските во владеењето на правото.
- Од нивната политичка проценка, дали Србија направила доволно во таа област ќе зависи и одлуката дали во декември ќе се отворат две или три нови поглавја со Србија, изјави за Танјуг неименуван извор близок до работните тела на Европскиот совет.
Досега Србија отвори 10 поглавја во преговорите за членство во ЕУ, од кои две се привремено затворени. Во преговорите за пристапување на Србија со ЕУ има вкупно 35 поглавја
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен
-

Клековски: Бројот на прегледи во Гостивар се намалува, засега нема нови зарази
-

Невреме ги зафати Скопје и Куманово
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
-

Обвинителството бара притвор за осомничените од гостиварски „Комуналец“, се соочуваат со најмалку четири години затвор
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
-

„Зајакнете ја врската со татковината“ – Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло
-

Кривична за 75-годишен маж за предизвикување пожар
