Пет нови спортови на Олимписките игри 2028

Пет спортови, вклучувајќи ги крикет и флаг фудбал, ќе бидат на програмата на олимписките игри 2028 во Лос Анџелес, одлучи денеска Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
Организаторите, исто така, за нови олимписки дисциплини ги предложија и лакрос, сквош и безбол – софтбол, и добија одобрување на состанокот на МОК во Мумбај.
Според правилата на МОК, секој град – домаќин има право да побара вклучување неколку спортови за своето издание на Игрите.
Крикетот, кој има голема публика во Индија, а националната лига е проценета на 8.4 милијарди долари, се враќа на олимписката програма по повеќе од еден век, откако беше дисциплина на Игрите во 1900 година.
Софтбол, женската варијанта на безбол, беше присутен на пет претходни Олимписки игри, лакрос беше присутен во 1904 и 1908, додека бесконтактната верзија на американскиот фудбал – флаг фудбал, ќе дебитира на олимписката програма.
Ново на Сител
-

Васоски: Заслужена победа, постигнавме гол во вистинско време
-

Мерц предлага „придружено членство“ за Украина во ЕУ
-

Без вода дел од жителите на Центар
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Кратово слави, го освои Купот на Македонија!
-

Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
-

Трамп: Популарен сум во Израел, би можел да се кандидирам за нов премиер
-

Пад на цената на нафтата
