-->
-->
Лилард нов играч на Милвоки
-->
Портланд, Милвоки и Феникс се согласија на голема тринасочна размена на кошаркари во која е вклучена и големата НБА ѕвезда Демијан Лилард.
Во претстојната сезона, Лилард, кој претходно побара трејд, ќе биде играч на Милвоки Бакс.
Досегашниот клуб на Лилард, Портланд како резултат на размената ги доби Дру Холидеј, ДеАндре Ајтон, Тумани Камара, како и два пика од драфтовите во 2028 и 2030 година.
Феникс ги доби: Јусуф Нуркиќ, Грејсон Ален, Насир Литл, Кион Џонсон.
Лилард беше шести пик на драфтот во 2012 година и целата своја досегашна професионална кариера ја помина во Портланд Блејзерс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ФАО: Цените на храната растат поради конфликтот на Блискиот Исток
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
