Спор меѓу Боливија и Чиле за водата на една погранична река

Боливискиот претседател Ево Моралес соопшти дека неговата земја ќе поднесе тужба против соседно Чиле пред Меѓународниот суд на правдата, околу користењето на водите на пограничната река Силала.
Владата во Ла Паз тврди дека изворите на оваа река се „сопственост на Боливија“, а дека Чиле упорно одбива да плати за користувањето на „боливиските води“.
Чилеанската Влада ги отфрла ваквите обвинувања и тврди дека станува збор за меѓународен воден тек, што секоја земја го користи на својот дел од територијата.
Реката Силала извира во Боливија, па преку Андите минува во Чиле.
- Како пацифистичка земја одлучивме за случајот да му се обратиме на Судот во Хаг, за да го натераме Чиле да ја почитува сопственоста на нашата вода во Силала, изјавил за локалните медиуми, боливискиот претседател Моралес.
Властите во Сантјаго најавија своја контра-тужба.
Чилеанскиот министер за надворешни работи Хералдо Муњоз изјави дека Боливија не престанува да бара начини да го напаѓа Чиле.
- Еднаш тоа ќе бидат нападите за морскиот брег, а потоа за водите на погранична река, изјави Муњоз.
Во 2013 година, боливиската Влада го тужеше Чиле пред Судот во Хаг, за повеќе од 100 години старите недоразбирања околу излезот на Боливија на Пацификот.
По војната со Чиле кон крајот од 19-от век, Боливија загубила територија која опфаќа 400 километри од брегот на Тихиот Океан, со што останала без излез на море.
Боливија и Парагвај се единствените земји од Јужна Америка кои не излегуваат на море.
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
