Спасовски: Судиите се одговорни за бегството на Грујовски и Бошковски

Одговорноста за бегството на обвинетите во случаите „Тврдина“ и „Таргет“, Горан Грујовски и Никола Бошковски, е на судството, за што потребно е тоа да понесе и одговорност, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
- Тоа не е неуспех на македонската полиција, тоа покажува колку е труло македонското судство. Одговорноста мора да ја бараме и ние и јавноста кај судиите. За ова треба да се сноси сериозна одговорност бидејќи беше оставено време овие луѓе да заминат, дали некаде се кријат во државата или надвор од државата. Меѓутоа ова треба да биде силна порака, но и многу голема поука за реформите коишто престојат во правосудниот систем во Република Македонија, рече Оливер Спасовски, кој денеска присуствуваше на состанокот организиран од СЕП во врска со мерките од Планот 3-6-9 кои се однесуваат на локалните избори.
Според него, потребно е конечно да се покрене одговорност за, како што вели, оние коишто овозможуваат криминалците да се шетаат на слобода и да одредуваат мерки што не можат да се ефектуираат во одреден временски период со што се остава простор за некакво поинакво делување
Ново на Сител
-

Лекот „Фостер“ ќе биде достапен во аптеките без доплата, само со законски утврдената партиципација
-

Уапсен 19-годишниот возач кој прегазил жена во Ѓорче и избегал
-

Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ од XIV век ќе биде претставена во Галеријата на икони во Охрид
-

Оружје пронајдено при претрес на 77-годишен кумановец
-

ПФЛ: Шкендија Арачиново – Силекс за старт на второто коло
-

Активен пожар во село Грешница во Македонски Брод
-

Трамп изјави дека според него војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“
-

Најмалку двајца загинати и 13 повредени во експлозија крај Дамаск
