Совети за долготрајност на батеријата кај паметните телефони

Кај штотуку купен, нов паметен телефон, сè работи совршено, но по година – две, батеријата почнува да гасне брзо… Ако ова звучи познато, причината за тоа, најверојатно, е неправилно и неквалитетно полнење.
Така, први за отстранување од секојдневието се евтините полначи. Компанијата „Епл“ (Apple) со години предупредува дека користењето неоригинални полначи може да биде опасно е не само за батеријата туку и за Вашиот живот. Буквално: „Полнењето со несертифицирани адаптери може да претставува ризик од повреда или смрт“, се наведува во упатствата. Затоа, ако не сакате пожар во домот, се користат оригинални и сертифицирани полначи.
Уште поголем проблем е полнењето на батеријата до 100 отсто. Совет: Не ја полнете до крај, препорачува порталот „Индекс“.
Полнењето на батеријата до крај, се вели, го забрзува нејзиното абење и ѝ го намалува капацитетот. Во совршен случај, границата треба да се постави на 95 отсто. „Епл“ го предвиде овој проблем, па поновите „Ајфон“ модели имаат и вградена опција „Оптимизирано полнење на батеријата“ (Optimized Battery Charging). Оваа опција го спречува полнењето над 80 отсто во одредени ситуации, а со тоа го намалува и трошењето на батеријата.
Кај паметните телефони „Ајфон 15“, и поновите, корисникот може да постави ограничување за полнење. И „ИОС“ препорачува оптимален процент, којшто најверојатно ќе биде токму – 95 отсто.
Ново на Сител
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
