Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.094.897 лица. Од нив починати се 135.569, а оздравеле 520.946 луѓе.
– Се очекува британската Влада денеска да соопшти за продолжување на мерките за ограничено движење, воведени на 23 март поради запирање на ширењето на епидемијата на коронавирус. Со речиси 13.000 смртни случаи, Британија спаѓа меѓу земјите кои се најтешко погодени од пандемијата. Во вкупниот број на смртни случаи (12.868) не се вклучени податоците за починатите во домовите за нега на стари и изнемоштени лица, како и пензионерските домови.
– Бројот на починати од Ковид-19 во Босна и Херцеговина се изскачи на 43, откако во Бања Лука почина 51-годишен маж.
– Индија пријави 12.380 потврдени случаи на коронавирус, вклучувајќи 414 смртни случаи.
– Во Јапонија во изминатите 24 часа се регистрирани 488 нови случаи, а починаа уште 17 лица. Вкупно заразени се 9.294 лица, вклучувајќи и 712 патници од крузерот Дајмонд Принцес.
– Вкупно 27 вработени во британскиот Национален здравствен систем (НХС) починаа од коронавирус, соопшти денеска за Би Би Би министерот за здравство Мет Хенкок. Меѓу починатите е и 28-годишна медицинска сестра, која била бремена. лекарите успеале да го спасат нејзиното бебе, родено со царски рез.
– Кина испраќа помош во Индија во борбата против коронавирусот. Индискиот амбасадор во пекинг Викрам Мисри на Твитер напиша дека Кина испратила 650.000 парчиња опрема, вклучувајќи сетови за издвојување РНК и брзи тестови на антитела.
– Полска од понеделник повторно ќе ги отвори парковите и шумите, а потоа ќе ги ревидира правилата за бројот на купувачи во продавници, како почетни мерки за ублажување на рестрикциите воведени поради Ковид-19, соопшти министерот за државен имот Јацек Сасин. Тој рече дека е прерано да се разговара за отворање на училиштата.
– Во Австрија се проценува дека целосно враќање на нормално функционирање на општеството ќе има во декември или јануари 2021 година. Министерот за здравство Рудолф Аншобер денеска соопшти и дека досега 14.416 лица се инфицирани, но дека бројот на нови случаи има благо опаѓање.
– Во дом за нега на стари и изнемоштени лица во Загреб со коронавирус заразени се 20 штитеници и тројца вработени. Сите вработени биле во контакт со сите корисници, па се смета дека целата установа, каде се сместени вкупно 110 штитеници, е контаминирана.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекувам реалната нето-плата и годинава да биде во позитива, во 2024 година растот беше над 12 отсто, а во време на СДСМ беше во негатива
-

ЦУК: Три активни пожари на отворен простор во земјава до 13:00 часот
-

Силен ветер го разгорува пожарот кај Неокази во Пробиштипско, зафатени две куќи, жителите евакуирани
-

Пожар на Исар во Штип, загрозени куќи – се бара воздушна поддршка
-

Над 400 монети откриени на локалитетот Градиште кај Битола, меѓу нив и од Филип II и Александар Велики
-

Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР
-

Во Грција ќе пристигнат 245 пожарникари од четири земји за да помогнат во справувањето со пожарите
-

Мицкоски: Нашата визија е јасна - да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење
