Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 135.073 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив, починати се 4.990, а оздравеле 70.405.
Њујорк – Соработничка на постојаната мисија на Филипини во ОН се заразила со новиот коронавирус и дипломатската мисија е затворена. Сите вработени се во домашен карантин, соопштија од Светската органзиација. Тоа е прв регистриран случај на зарзен со Ковид-19 во централата на ОН во Њујорк.
Хрватска – Потврдени уште четири случаи на заболени од вирусот. Вкупно досега се регистрирани 31. Новозаразените се во Загреб и Пула.
Австрија – Борјот на инфицирани со новиот коронавирус е 428. Вкупно се направени 6.852 тестирања. Излекувани се шест лица.
Канада – Сопругата на канадскиот премиер е позитивна на коронавирусот. Симптомите се појавиле по враќање од Лондон.
Данска – Данските власти донесоа закон за строги мерки во борбата со епидемијата. На Министерството за здравство му се дозволува да воведе вонредни мерки со цел „да се гарантира спречување зарази од опасни болести“. Законот кој моќе да остане во сила до март идната година, му дава можност на мминистерот за здравство да забрани пристап до јавни институции, супермаркети и продавници, домови за стари лица, болници и клиники и ограничување на јавниот транспорт.
Турција – Властите сопштија за втор заболен од вирусот.
Албанија – Властите ограничија движење на автомобили и на градски транспорт во големброј градови поради новиот коронавирус. Затворен е преминот Сукобин-Муричани кон Црна Гора.
Италија – Италијанската Влада планира да инвестира огромни суми пари во одделенијата за итни случаи, особено за интензивна нега и предупредува дека недостигаат 5.000 лекари и илјадници медицински сестри и друг персонал. Досега се потврдени повеќе од 12.000 случаи на инфекција, но можно е дека многу други се заразени. Луѓето на теренот во погодените региони предупредуваат дека можат да работат само неколку дена пред да се урне здравствениот систем.
САД – Американскиот претседател Доналд Трамп најави привремено откажување на митинзите за претседателската кампања.
Австралија – Министерот за внатрешни работи Питер Датон е заразен со коронавирусот. Досега се регистрирани 156 и три жртви. Експери најавуваат дека е можно во следните неколку месеци милиони Австралијци да се инфицираат од вирусот.
Габон/Гана/Кенија – Први случаи на заразени во тие држави.
Индија – Прв смртен случај од новиот коронавирус. Се работи за човек (76) кој се вратил од Саудиска Арабија.
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
