Македонија
9. April 2023 - 8:57

Состојба на патиштата

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување напоставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштатаниз котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно сеоднесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 08.4.2023 г., патниот правец Охрид -Ресен, преку националниот парк Галичиц е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до3.5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

Почнувајќи од 06.03.2023, на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваатградежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвиванепречено и се препорачува внимателно пристапување.Според информација од ДГТ Жикол, поради изведување на градежни работи на државен пат А2,делница Миладиновци – Хиподром, сообраќајот на автопатот ќе се одвива според времен режим.

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1,делница Велес - Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.