Состанок на министрите за финансии на Г-20
Министрите за финансии од Групата 20 најразвиени економии во светот (Г20) денеска започнаа дводневен состанок на кој ќе разговараат за стратегиите за надминување на глобалното економско забавување предизвикано од пандемијата на коронавирусот.
Разговорите меѓу министрите за финансии на Г-20 и гувернерите на централните банки се одржуваат во хибриден формат поради загриженоста дека ширењето на многу заразната варијанта омикрон и зголемената инфлација би можеле да го попречат глобалното економско закрепнување.
– Навистина доаѓа тешка зима за глобалната економија, која се соочува со пандемија која е далеку од завршена, рече индонезискиот претседател Џоко Видодо во својот воведен говор.
– За време на оваа ситуација, ниту една земја не може да закрепне сама. Сите земји се меѓусебно поврзани, рече тој, додавајќи дека подемот на еден регион ќе предизвика пораст на други региони, додека колапсот на еден регион ќе резултира со колапс на други.
Индонезискиот претседател предупреди на „ривалство и нови тензии кои можат да влијаат на глобалното закрепнување“, но и да го загрозат светскиот мир, како што е, според него, актуелната ситуација во Украина.
Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека глобалната економија годинава ќе порасне со стапка од 4,4 отсто, што е послабо од минатогодишниот раст од 5,9 отсто.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со вчерашната одлука на Владата како држава повторно сме со најниски цени на бензините и на дизел горивата
-

19-годишник уапсен за убиство кај Сарај, татко му го пријавил во полиција
-

Авион на Квантас бил пренасочен откако патник каснал член на екипажот
-

Македонските ракометари по заверка на пласманот за Светското првенство
-

СЗО прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола во ДР Конго и во Уганда
-

Најмалку тројца загинати при напади со дронови врз Москва и околината
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словенија
-

Мицкоски на пуштање во употреба на нов градски пазар во Општина Виница
