Сораја во паника и страв: Сакаат да ме убијат!

Црногорската полиција се сомнева дека зад палењето на „ренџ роверот“ на старлетата Сораја Вучелиќ (29) во понеделникот во подгоричкиот Сити кварт стојат блиски луѓе до Армин Муша Османагиќ, кој беше убиен во септември минатата година.
-Истрагата е во тек, проверуваме во повеќе насоки. Нејзините контакти, информации за нејзиното движење, со кого се гледала во Србија и Црна Гора. Според една од насоките која посебно се проверува, зад нападот стои криминален клан, односно луѓе блиски до покојниот Муша Османагиќ зошто веднаш по неговата ликвидација се шпекулираше дека таа го наместила, велат извори од црногорскат аполиција.
Според медиумите, старлетата се уште се наоѓа во Подгорица.
-Сораја се плаши, смета дкеа некој сака да ја убие. Тоа го потврдува и полиција, од каде велат дека јасно е дека таа е нечија мета и дека ова е сериозен обид да и наштетат. Сораја пак за се ги обвинува медиумите кои ја поврзувале со убиството на Османагиќ и мисли дека во целата приказна таа е жртвено јагне, вели нејзин пријател.
Сораја во април годинава беше приведена во полицијата во Бар врз основа на локална потерница распишана за неа поради убситвото на Османагиќ. Црногорската полиција ја поврзуваше со белградското подземје, а посебно дека имала контакти со кланот на Лука Бојовиќ, чија десна рака во Црна Гора бил покојниот Луќа Ѓуровиќ. А токму екипата на Ѓуровиќ била во судир со кланот на Османагиќ.
Иако до денес не е решено неговото убиство, се сомнева дека зад него стои кланот на Бојовиќ, а Сораја била во блиски контакти со едне од луѓето на Бојовиќ во Белград. Инаку таа тогаш рекла дека со Османагиќ се видела во едно кафуле за да го позајми неговото „масерати“ за снимање на спот, а всушност имала задача да го извлече Османагиќ на „чистина“ за да може снајперистот полесно да го убие.
Ново на Сител
-

Изменет законот за високо образование
-

ИВЗ домаќин на десетиот Самит на верските лидери од Балканот
-

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија
-

16 нови доктори на наука на УГД - знаење за практичен напредок
-

Преглед на вестите од светот
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија


