Македонија
7. December 2021 - 18:39

Сообраќаен метеж попладнево во Скопје

Сообраќајот во Скопје попладнево речиси три часа беше блокиран со колони возила кои стоеја во место речиси еден час.

Семафорите на дел од крстосниците беа исклучени, а сообраќајот го регулираше сообраќајна полиција.

Центарот за управување со кризи на Скопје соопшти дека на повеќето сообраќајници низ градот поплаенево е забележан поголем метеж на возила.

На раскрсницата кај трговскиот центар „Мавровка“ попладнево се случи и сообраќајна незгода во која четири лица се повредени. Во сообраќајната незгода учествувале пет возила, сите со скопски таблички, потврдија од МВР. Повредените се пренесени во ГОБ „Климент Охридски“, но засега не се знае тежината на повредите.