-->
-->
Сончево време со мала до умерена облачност
-->

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Во среда, во попладневните часови, ќе има услови за локален дожд и грмежи.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
