Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Наредните денови под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
МИА
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
