Сончево со мала облачност, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи меѓу 8 и 18 степени, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската темепература ќе достигне до 14 степени, а дневната до 30 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека од попладне и во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови локален дожд и грмежи. Утре на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
