Сончево со локална облачност

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: -4 Берово, -2 Тетово, Скопје Петровец, Маврово, Битола, Лазарополе, 0 Кр. Паланка, Куманово, Штип, Д. Капија, Скопје, Струмица, 1 Прилеп, Крушево, Гевгелија, 2 Пожаране, Охрид, Тополчани, Претор, 4 Ѓуриште, Виница, 6 Дојран.
ВРЕМЕТО УТРИНАВА: Сончево со мала локална облачност претежно на југозапад и со слаб до умерен јужен ветер. Во котлините има зголемана влажност и малку намалена видливост, а во Демир Капија има појава на магла. Појава на магла имало и во делови од Струмичко во измнатите часови.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со мала до умерена локална облачност претежно во планинските региони и со слаб до умерен јужен ветер. Во утринските часови, по одделни котлини има услови за појава на слаба магла. Температурата во интервал од 13 до 18 степени.
Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб јужен ветер. Температура до 16 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Денес и во понеделник ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност поголема во планинските региони и кон југот. Понекаде во долините ќе има услови за појава на утринска магла. Во вторник и особено во среда ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а утринските температури ќе се насекаде над нулата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
-

Партиски реакции по одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот „Mодуларни болници“
-

Сите кои издаваат сместување имаат обврска да платат данок
-

Николоски: По првите километри од автопатот Прилеп-Битола граѓаните ќе може да возат идната година
