Сончево и топло време со температура до 36 степени

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во планинските подрачја можен е локален краткотраен дожд. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а дневната од 29 до 36 степени. УВ ќе биде 8.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 33 степени.
Во следните два дена ќе има преодно наоблачување, при што во планинските подрачја можен е локален краткотраен дожд. Во вторник ќе дува и умерен, на места повремено засилен северен ветер што ќе услови благо опаѓање на дневната температура, а од среда повторно ќе биде стабилно, суво и потопло со УВ 9.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
