Сончево и многу топло време со мала локална облачност, температура до 40 степени

Синоптичарите и за денеска најавуваат сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 10.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени.
- Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на топол бран. Ќе се задржи многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10, известуваат од УХМР.
Ново на Сител
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
