Сончево и многу топло, наместа и над 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 10.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени.
- Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ново на Сител
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
-

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје
-

Лишени од слобода три лица во Гостивар, пронајдена марихуана
-

Невреме и во Чешиново-Облешево, надлежните служби на терен ги санираат штетите
-

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал
-

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Македонија напаѓа четири злата: Велков, Смилевски, Велески и Бабоски денес во финале
