Сонце па нагла промена на времето

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 14 до 20 степени.
Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до 19 степени.
Во среда, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во северозападните, северните и источните делови од земјата. Локало се очекува да наврнат над 25л/м2 воден талог. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка. Ветерот ќе го промени правецот во северозападен и во четврток и петок ќе дува со засилен интензитет. Дневната температура ќе опадне и ќе се движи од 9 до 17 степени.
Повторно стабилизирање на времето се очекува од петок. Поради разведрувањето, во деновите од викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нула, додека дневните ќе бидат во пораст, особено во недела.
Ново на Сител
-

Одрон од карпа на влезот на Радожда
-

Сопрена истрага за Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
