Софија: Пронајдени 30 мигранти од кои осум се во кома

На автопатот Тракија во Бугарија во напуштен автобус беа пронајдени осум мигранти кои се во кома.
Дојавата за напуштен автобус на околу еден километар пред тунелот „Трајанова порта“ во правец кон Софија е поднесена утрово во 9 часот и 30 минути, соопшти Итната помош во Софија.
На местото на настанот се испратени пет возила на брза помош, пренесува Новините.
Полицијата утврдила дека во автобусот имало околу 30 мигранти, од кои осум се во тешка состојба.
Биле без свест и дехидрирани.
Вкупно 18 мигранти од напуштениот автобус се примени во различни болници, не само во Софија, туку и во Пазарџик, соопшти итната помош.
Потрагата по возачот е во тек, соопшти софиската окружна обвинителка Наталија Николова-Бончева.
Претходно денеска уште осум мигранти беа повредени во сообраќајна несреќа меѓу селата Челник и Победа, потсетува бугарскиот портал.
Сите се мажи на возраст од околу 25 години. Тие се изјасниле како државјани на Сирија.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
