-->
-->
Софија: Остануваат во притвор четворицата уапсени за терористичкиот напад во Истанбул
-->
Апелацискиот суд во Софија одлучи да им одреди траен притвор на четворицата приведени во Бугарија за соучесништво во нападот во Истанбул на 13 ноември, објави телевизија Нова. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, судската седница се одржа зад затворени врати, поради истраги од неколку специјални служби, кои содржат доверливи информации.
Четворицата приведени во Софија се Сириецот Амран Абдулрами, Петар Топал, кој има двојно државјанство – бугарско и молдавско, како и молдавските државјани Иван Калак и Леонид Аксакал.
Освен за поддршка на терористички активности, обвинети се и за нелегална трговија и криумчарење луѓе, коментираше претходно обвинителот од градското обвинителство на Софија, Ангел Канев.
Тој објасни дека имаат податоци и од бугарската државна агенција за национална безбедност и од МВР, како и од странски специјални служби. Во барањето за притвор, турското обвинителство доставило податоци од нивната разузнавачка служба МИТ. Според нив, Сириецот Амран Абдулрами, обвинетиот за нападот во Истанбул, Билал Хасан и групатта терористи имале намера да извршат повеќе напади, како во Турција, така и во земја на Европската Унија, без да дадат повеќе детали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
