Сочувство од претседателот Иванов до турскиот претседател Ердоган

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска упати писмо со сочувство до претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, по повод терористичкиот напад на меѓународниот аеродром во Истанбул.
- Со шок и огорченост ја примив веста за последниот терористички напад извршен на меѓународниот аеродром во Истанбул и искрено жалам за загубените животи од овој ѕверски акт. Во овие моменти на длабока тага во Република Турција, дозволете ми, во името на граѓаните на Република Македонија да изразам искрено сочувство. Најостро осудувајќи го овој подмолен и насилен варварски чин, уверен сум дека единствен начин да се спротивставиме на оваа споделена закана е преку тесна соработка на целиот цивилизиран свет. Во отсуство на таквата неопходна соработка, никој и никаде нема да биде безбеден. Затоа, крајно време е светот да се обедини во одбрана на споделените вредности. Ве уверувам дека во овие тешки моменти Република Македонија е солидарна со Република Турција и Ве охрабрувам одлучно да се соочите со заканата од тероризмот во заштита на слободата, безбедноста и вредностите на Вашите граѓани и поредокот на Вашата држава. Господине Претседателе, нашите мисли и молитви се со Вас и со семејствата на жртвите, се вели во писмото со сочувство на претседателот Иванов до турскиот претседател Ердоган.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
