Собранието ќе ја продолжи 117. седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 117. седница.
Пратениците ќе ја продолжат расправата по Предлог-законот за изменување на Законот за престанување на важење на законот за определување услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, поднесен од опозицијата.
Горан Сугарески како еден од предлагачите, вчера рече дека СДСМ смета оти Комисијата за лустрација веќе не треба да постои, а парите треба да се пренасочат.
Пратениците од владејачкото мнозинство потсетија дека Комисијата има обврска да ги заврши отворените предмети или вкупно 33 предмети.
По овој закон останаа да дискутираат уште осум пратеници.
Во рамки на оваа седница се и Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва и Предлог-законот за дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, во прво читање, поднесен од опозицијата.
Ново на Сител
-

Десет возачи лишени од слобода за возење без дозвола, со забрана и под алкохол
-

Сообраќајот по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет
-

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа
-

Калас: Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум за членство на Украина во ЕУ
-

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон
-

Заладување со нови пообилни врнежи
-

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина
-

Уставниот суд воведува редовни средби со граѓаните секој прв четврток во месецот
