Собранието четврти ден ќе расправа за Буџетот

Собранието на Република Македонија денеска треба да го одржи четвртото продолжение на 73. седница на чиј дневен ред единствена точка е расправата за Дополнетиот предлог буџет за 2016 година на Република Македонија.
Според предлогот, вкупните расходи се проектирани на 195.788 милиони денари, кои се за 4,7 проценти повисоки од оние во 2015 година, а вкупните приходи се проектирани на 176.804 милиони денари или за 6 проценти повеќе во однос на 2015 година. Се планира намалување на буџетскиот дефицит на 3,2 проценти и зголемување на средствата за пензии, социјална помош и капитални инвестици, со цел да се поттикне развојната компоненета на буџетот.
Капиталните расходи се проектирани на 25.092 милиони денари и се за 12,9 проценти повеќе од оние во 2015 година. Растот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 процента.
На приходната страна се очекува даночните приходи да имаат раст од 6,5 проценти и да изнесуваат 101.531 милион денари, неданочните се планирани на 9.633 милиони денари и се за 519 милиони повеќе, а придонесите да имаат раст од 4,2 проценти и да изнесуваат 49.187 милиони денари. На расходната страна, покрај средствата предвидени за повисоки пензии и социјални додатоци, се предвидени средства повисоки за 3,3 проценти за платите или 25.906 милиони денари, за стоки и услуги се проектирани 19.618 милиони денари или 3,5 проценти повеќе од 2015 година, обезбедени се средства за изборите во април 2016 година, како и за трансфери.
Расправата за буџетот, согласно Собранискиот деловник, трае пет дена.
Ново на Сител
-

Хренин: Западот се подготвува за воена акција, ова не е блеф
-

Предлог законот за ратификација на Договорот за изградба на железничкиот тунел меѓу Бугарија и Северна Македонија го помина комисискиот филтер
-

Белгија се откажува од проектот „и-полиција“ поради неисполнети очекувања
-

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи
-

Контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници во општина Кисела Вода
-

Германија нема наскоро да се приклучи на мировните сили во Газа, вели министерот за надворешни работи
-

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
