Соботка го предлага 2 октомври за датум за повторување на вториот круг од претседателските избори

Австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка предложи на 2 октомври да се одржи прегласувањето на вториот круг од претседателските избори, кој беше поништен.
Соботка пред седницата на Владата изјави дека ќе го изложи предлогот пред кабинетот и изрази надеж дека министрите ќе го прифатат.
Австрискиот Врховен суд во петокот го поништи гласањето поради нерегуларности при пребројувањето на гласовите. Во вториот круг со минимална предност победи либералот Александер Ван дер Белен, кој освои 30 илјади гласови повеќе од неговиот соперник од крајнодесничарската Партија на слободата, Норберт Хофер.
Двајцата кандидати потврдија дека ќе учествуваат во новата кампања.
Мандатот на актуелниот претседател Хајнц Фишер истекува на 8 јули. Според Уставот на Австрија во отсуство на претседател неговите функции се извршуваат колективно од тричленото претседателство на Националниот совет (Парламентот).
Ново на Сител
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
