Свет
19. February 2016 - 21:31

Соботка: Евролидерите пред договорот по британските барања за реформи на ЕУ

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка вечерва објави дека европските лидери се пред усогласување на текстот на предлог-договорот за британските барање за реформи на Унијата и за условите за останување на Велика Британија во ЕУ.  

- Предлогот на договорот е на пат да биде финализиран во најкус рок, објави Соботка на својот налог на Твитер.

Во исто време и премиерот на Малта, Џозеф Мускат на импровиизрана прес-конефренција во Брисел најави дека предлог-договорот за британските барање ќе биде доставен на разгледување пред лидерите на земјите-членки на ЕУ за време на нивната вечера.

Мускат нагласи дека договорот е „плод на компромис“ за кој сите имаат свој придонес.

- Ако нема изненадувања во последен момент, предлог-договорот ќе биде еден добар компромис, нагласи Мускат.