Со рано идентификување и брзо реагирање кон долгот, до поефикасна наплата

Некои даночни обврзници не ги исполнуваат даночните обврски поради незнаење, некои од негрижа, а некои од несакање. За секој предмет мора да има решение согласно законот, со секој даночен обврзник може да седнеме, да разговараме и да помогнеме во надминување на проблемот посочувајќи му ги утврдените можности за подмирување на долгот, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска на семинарот „Со рано идентификување и брзо реагирање кон долгот, до поефикасна наплата“.
Според неа, партнерскиот однос и соработката се неопходни за постигнување резултати.
- Очекувањата од нас се преголеми. Тоа ќе ни го наметнат и новите трендови во регионот, каде нашата даночна управа високо котира, дополни Лукаревска.
Семинарот се одржува денеска и утре, а целта е унапредување на практичните вештини и знаења на 100 даночни службеници кои вршат наплата и управување со долгови, но и развивање работна култура која ги негува соработката, заедничкото размислување и размената на идеи за подобрување на ефикасноста и продуктивноста.
Ново на Сител
-

Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка
-

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал
-

СП 2026: Алжир поуспешен од Јордан
-

Чешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата
-

Трамп: САД трошат огромни пари за одбрана на Европа од Русија, а тие не сакаа да ни помогнат во војната со Иран
-

Скопје домаќин на меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“
-

Премиерот Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром
