Со интервенции на пазарот регионот се бори против нафтената криза
Со интензивна државна регулација регионот се брани од шоковите кои ги предизвика растот на цената на суровата нафта по конфликтот на блискиот исток.
Од утрово Србија забрани секаков извоз на нафта. Пред три дена Владата во Белград постави максимална цена која е а око 10% пониска од пазарната. Трошокот од ограничувањето заеднички го делат Владата и нафтените компании за што српската министерка за енергетика упати огромна благодарност.
Во Хрватска по 9 месеци слободен пазар, владата повторно го врати регулирањето, но за разлика од Македонија кај нив, цените ќе се определуваат еднаш на 2 недели. И таму товарот на поскапите енергенси го делат државата и бензинските пумпи. Државата се откажува од дел од давачките а трговците од дел од заработката.
Словенија која подолг период ги определуваше максималните цени по стартот на нафтената криза го прошири опфатот на бензински пумпи па сега освен во градовите ,цените ќе се регулираат и на бензинските пумпи на автопатите. Словенечката влада се очекува покрупни одлуки да донесе на седницата утре, а како што пишуваат словенечките медиуми најверојатно ќе се оди со моделот на кратење на давачките за акцизи и профитот на бензинските.
Албанија, Црна гора и Бугарија се уште само го следат пазарот. Против високите цени во овој момент се борат со интензивни инспекции и разговори со нафтените компании.
И по последното поскапување горивото во Македонија останува меѓу најевтините во регионот. Поевтино се продава само во босна и Херцеговина. Земја со најскапи енергенси во малопродажба во моментов е Србија каде литар дизел чини над 106 денари.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
