СНС и СПС со одделни листи на парламентарните избори во Србија

Српската напредна партија (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) на претстојните парламентарни избори во Србија ќе настапат одделно, изјави за Танјуг потпретседателот на СНС, Милош Вучевиќ.
Тој истакна дека таква одлука е донесена утрово на состанокот меѓу претставници од двете партии.
– Почитувајќи го политичкиот идентитет на СНС и СПС, и имајќи ја предвид политичката сила на едната и другата партија, договорено е СНС и СПС да одат одделно на претстојните избори, односно секој со своја листа, но сме подготвени по изборите да разговараме за продолжување на соработката, нагласи Вучевиќ, кој најави дека во текот на викендов СНС ќе ги продолжи разговорите со останатите коалициски партнери.
Инаку, предлог за составување заедничка листа на двете партии на изборите даде српскиот шеф на дипломатијата и лидер на социјалистите Ивица Дачиќ уште кон крајот на минатата година.
– Јас предлагам да одиме заедно на изборите за да не се случат проблеми и да се види дека нема причина некој да ме сомничи оти одам со опозицијата, изјави тогаш Дачиќ.
Ново на Сител
-

Осум од 11 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување возило, управувале возило без возачка дозвола
-

Инфлацијата во февруари во однос на јануари 0,2 проценти
-

Во јануари 256 одобренија за градење, пад од 19,2 проценти на годишно ниво
-

Муцунски: До крајот на неделава очекуваме да бидат евакуирани сите македонски државјани што побарале извлекување од Блискиот Исток
-

Дизелот поскапува за 14,5, а бензините за пет денари по литар
-

ВМРО-ДПМНЕ: Целта на Владата е Македонија да има најниски цени на енергенси
-

Пред трагедијата во „Пулс“ на настап на ДНК во Гевгелија од прскалки се запалиле звучници и платно
-

„Миланова игра“ - вечер посветена на творештвото на Милан Завков на 27 март во Филхармонија
