СКСЗМ на средба со НВО од Скопје

Стопанска комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) и Фондацијата Албиз (Даути) денеска организираат средба со невладини организации од Скопје.
Средбата е во рамки на проектот „Финансиска одржливост на НВО во соработка со бизнис секторот“, финансиран од Европската унија, а целта е создавање долгорочни ефективни партнерства меѓу невладините организации и бизнис секторот.
Како што соопшти Комората, пред присутните ќе бидат презентирани проектот и потенцијалната соработка меѓу деловниот и граѓанскиот сектор, по што ќе стане збор и за можностите за финансирање на активностите на НВО. Претставени ќе бидат и Законот за донации и спонзорства кој овозможува институционализација на соработката меѓу бизнис заедницата и невладиниот сектор, како и даночните олеснувања ако донирањето оди преку институциски канали.
Со проектот „Финансиска одржливост на НВО во соработка со бизнис секторот“ чија цел е одржливост на граѓанското општество преку зголемување на неговата финансиска независност, опфатени се Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и Куманово.
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
