Скрининг за Ковид-19 во кумановските средни училишта, еден ученик позитивен
Од првичниот скрининг на средношколци во Куманово, еден ученик од „Наце Буѓони“ е позитивен на коронавирус, информираа денеска надлежните од Центарот за јавно здравје Куманово.
Епидемиолозите информираа дека во текот на денот ќе биде направен потврден ПЦР тест и ќе се постапи согласно протоколите за оваа состојба.
На првиот ден тестирани се ученици од прва смена од гимназијата „Гоце Делчев“ и од стручните училишта „Перо Наков“ и „Наце Буѓони“. Утрово се тестирани седум ученици од „Перо Наков“, 20 од гимназијата и 16 ученика од „Наце Буѓони“.
– Во текот на овој ден ќе бидат опфатени останатите деца што се предвидени во средните училишта, сите резултати се негативни освен еден резултат, позитивен кај ученик во техничкото училиште „Наце Буѓони“. Според протоколот, ќе направиме и ПЦР тест во текот на овој ден, и ќе постапуваме според протоколи за позитивен ученик.По направената анкета ќе се направи изолација на најблиските контакти на ученикот. ПЦР тестот е бесплатен ќе оди по епидемиолошки индикации, додека за скринингот тестовите се набавени преку Министерството за здравство и новина е тоа што ние како тим ги извршуваме тестовите на самото место во самото училиште, изјави раководителката на епидемиолошкото одделение, д-р Јадранка Стаменковска.
Екипите на Центарот ги презеле предвидените подготовки за скринингот на учениците.
Ќе бидат опфатени ученици од Куманово, Липково, Старо Нагоричане каде веќе е завршен скрингот и ученици од општините Крива Паланка, Кратово и Ранковце. Во Куманово до крајот на неделава со скринингот е планирано да бидат опфатени 730 средношколци и основци за кои родителите дале согласност до 26 октомври годинава, а со скринингот требало да бидат опфатени 1.000 ученици.
Ново на Сител
-

Рекордна масовност на 1. Национално кикбокс првенство 2026 во Скопје – 441 натпреварувач од 29 клубови
-

Тошковски за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство, а сопругот бил апсен и имал криминално досие
-

Сиљановска-Давкова - Руте: Северна Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западен Балкан
-

Се работи на враќање на македонски граѓани од Израел, Обединети Арапски Емирати и Катар
-

Се проширува истрагата против дваесет и петгодишниот овчар од Старо Нагоричане
-

Кривична за 30-годишен припадник на Армијата, во ранецот му пронашле марихуана
-

10-годишно дете почина по пад од тераса во Тетово
-

Десет кривични имал сопругот на Ивана, на вчерашната трагедија и претходела расправија
