„Скопскиот маратон“ се одложува за 4 октомври 2020
Вирусот Ковид-19 ги одложи и спортските случувања во нашата земја, па „Виз Ер Скопски маратон“, кој беше планиран да се одржи на 10 мај, се одложува за 4 октомври 2020 година.
– Иако вие тркачите, исто како и ние, се подготвувате за вашата омилена трка, сепак некои работи не можеме да ги контролираме во одредени ситуации, но веруваме дека на крај сите ќе излеземе победници и дека заеднички ќе ја пребродиме оваа ситуација. Заради влошувањето на ситуацијата со Корона вирусот, Ковид-19, како кај нас така и во светот, и заради почитување на мерките кои ги презема нашата Влада, заедно со институциите и препораките од Светската здравствена организација, Сојузот на спортови на Скопје како организатор на Виз Ер Скопскиот маратон кој беше планиран за 10 мај 2020, донесе одлука трката да се одложи за 4 октомври 2020 година. „Трчањето ќе те промени“ е мотото на овогодинешниот маратон, затоа седете дома, бидете безбедни, за во октомври заедно во полно здравје да го истрчаме 16-тиот Виз Ер Скопски маратон, соопштуваат организаторите на „Виз Ер Скопски маратон“.
Од таму известуваат дека сите пријави остануваат важечки и се префрлаат за новиот датум, а доколку некој од пријавените е спречен од било кои причини да учествува на новиот датум, ќе им бидат понудени следниве опции: промена на постоечката регистрацијата на друго име за 4 октомври 2020 година; откажување на регистрацијата за 2020 и добивање бесплатна регистрација за 2021 година; откажување на регистрацијата за 2020 и учество на Виртуелна онлајн трка 2020.
– Сите овие опции ќе бидат можни да се реализираат со рок до 31 јули 2020 преку порталот за регистрација. Деталите ќе бидат објаснети директно до секој учесник со испраќање на имаил порака со конкретни упатства како да ја одберат посакуваната опција доколку не се во можност да учествуваат на 4 октомври 2020. Пријавувањето останува отворено до 15 септември 2020 година. Повеќе информации на www.skopskimaraton.com.mk, информираат организаторите.
Организаторите на „Виз Ер Скопски маратон“ на сите граѓани им посакуваат во овие моменти да останат во своите домови и да го чуваат своето здравје и според своите можности да ја одржуваат својата кондиција, како и да ги почитуваат препораките од надлежните институции.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
