-->
-->
Ски скокови: Тежок пад на Милер
-->

Австрискиот 23-годишен ски скокач Лукас Милер имаше тежок пад на тренингот во пресрет на светското првенство во скијачки летови на скокалницата во австриски Кулм, по што итно е пренесен во болницата во Грац каде што ќе биде наскоро опериран.
Милер во текот на скокот ја загубил контролата и паднал по 120 метри лет, наводно поради проблеми со опремата. Според австриските медиуми, тој имал проблеми со една од ткн „панцерки“. При падот загубил свест, а според првичните извештаи тешко го повредил ‘рбетот.
Во болницата во Грац потврдиле дека поранешниот светски јуниорски првак има сериозна повреда во грбниот дел, со неизвесни последици.
„Милер беше без свест, но набрзо се разбуди. Не ги чувствуваше нозете поради што е префрлен во Грац. Сé уште е рано за прогнози“, изјавил докторот Улф Карнер.
Младиот Австриец на скокалницата во Кулм, една од најголемите во светот, падна и во 2010 година, и тоа во квалификациите. Падна при доскокот на 179 метри, но тогаш мина без последици.
Светското првенство во скијачки летови ќе се одржи од 15-ти до 17-ти јануари. Златото во поединечна конкуренција го брани Германецот Северин Фрунд кој во 2014 година во чешки Харачове славеше со скоковите од 203,5 и 191,5 метри.
Актуелен светски рекордер е Норвежанецот Андерс Фанемел кој во февруари 2015 година во норвешки Викерсунд долета до 251,5 метри. Рекордот на скокалницата во Кулм, пак, го има Северин Фрунд со скок од 237,5 метри од 2014 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Неопходно е проширување на понудата за развој на туризмот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Џентлменско возење на мотор за подигнување на свесноста за машкото здравје
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
