Сите вакцинирани во Србија ќе можат да се ревакцинираат во земјава, освен оние со „Астра Зенека“
Сите граѓани кои се вакцинирани во Србија со кој бил тип на вакцина, освен со „Астра Зенека“, ќе можат да се ревакцинираат кај нас, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој додаде дека за помладите од 60 години, кои што вакцинирани со „Астра Зенека“, засега нема препорака да се ревакцинираат.
– Се уште нема јасен став, се уште се анализираат и публикациите и ставовите на многу национални агенции за лекови, дали евентулано треба да примат друга вакцина или не. Така што во таа смисла препораката е да не се прима втората доза на вакцина на „Астра Зенека“. Нашата одлука е да не се вакцинираат граѓани под 60 години со вакцината на „Астра Зенека“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.
Тој посочи дека верува оти во периодот што следи ќе има јасен став и за таа категорија на граѓани.
Околу мотивацијата на граѓаните за пријавување за вакцина, Филипче рече дека сега приоритет им даваат на оние граѓани коишто се веќе пријавени и врз основа на тоа се прави и прераспределбата на вакцините, но оти еден од механизмите е повик од матичните лекари.
– Ние во мај очекуваме дополнителна голема количина од 500.000 вакцини на „Синовак“, мислам дека ќе бидат сосема соодветно снабдени сите пунктови за масновна вакцинација. Овие коишто сега доаѓаат на „Фајзер“ се со еден јасен распоред каде треба да бидат диситрбуирани. Се уште, за жал, нема конкретен одговор за втората количина на „Астра Зенека“ преку Ковакс и од руските вакцини, меѓутоа тоа дефинитивно е еден од механизмите, истакна министерот за здравство.
Тој воедно упати апел до граѓаните да се пријавуваат за имунизација преку сајтот вакцинација.мк, бидејќи, како што рече, тоа е еден од најсоодветните механизми.
Ново на Сител
-

Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините
-

Повеќе пари за новороденчињата во Гази Баба: Поддршката се зголемува на 8.000 денари
-

СПМ ја поддржува иницијативата за укинување на "техничката влада"
-

СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен
-

Лажни реклами за онлајн казина кружат на социјалните мрежи, алармира АПИС
-

Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
-

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
-

Битолчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
