-->
-->
Сите шпански аеродроми погодени од прекин на ИТ
-->

Сите аеродроми во Шпанија пријавиле дека имаат проблеми поради прекин на ИТ, што денеска погоди компании ширум светот, соопшти аеродромскиот оператор „Аена“.
„Поради инцидент во ИТ системот, има прекини во системите на Aeнa и на аеродромските мрежи во Шпанија што може да предизвикаат одложувања“, објави операторот на X.
„Овој глобален технички инцидент главно влијае на резервациите и информациите на патниците“, додаде компанијата, велејќи дека некои операции продолжуваат благодарение на „мануелните системи“.
Шпанската држава поседува 51 отсто од Aeнa, најголемиот светски аеродромски оператор во однос на опслужените патници, со повеќе од 60 аеродроми, вклучувајќи 46 во Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
