-->
-->
Сите пластични операции на Владимир Путин
-->
Добро е познато дека Путин се грижи за својот физички изглед бидејќи на 65 години изгледа повеќе од одлично. Сепак, експерт за пластична хирургија од Лондон вели дека рускиот лидер имал некои зафати што го чинеле речиси 9.000 евра, пишува „Дејл стар“.Во текстот се истакнува дека овие пари не се трошок за Путин бидејќи тој, имено, е најбогатиот човек во светот.
Ејми Скот од истата компанија вели дека Путин дефинитивно поминал низ многу суптилна постапка во пластичната хирургија за да изгледа помлад.
Шпекулациите за овој случај кружат долго време и она што сите го посочуваат како аргументи на ова тврдење е фактот дека Путин го променил својот изглед драстично по влегувањето во политиката во текот на 90-тите.
Неговото лице е пополнето, очите изгледаат стеснети и се чини дека има помалку брчки. Според „Дејли стар“, се чини дека Путин сето тоа го прави со цел што подолго да остане на позицијата како еден од најмоќните луѓе во светот.
Ејми Скот верува дека Путин употребил ботокс, ставил филери во образите и хируршки ги средил очните капаци.
Путин ќе остане на власт до 2022 година и дали ќе одлучи да се кандидира за петтиот мандат останува да се види.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
-

Мицкоски: Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза
-

МВР: При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Стартува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал
-

Министерот за јавна администрација Минчев ја честита 250 годинишнината од независноста на САД
-

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош
-

Трамп од планината Рашмор ги предупреди Американците на „комунистичката“ опасност за САД
