Сириските Курди зазедоа важно бунтовничко утврдување во провинцијата Алепо

Курдските сили вчера зазедоа важно утврдување на сириските бунтовници во провинцијата Алепо, информираа француските медиуми, повикувајќи се на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Сириските демократски сили - Унија од курдски и арапски борци, синоќа го зазедоа градот Тал Рафат, што досега беше под контрола на исламистичките бунтовници, прецизира невладината организација.
Градот беше заземен и покрај континуираните турски артилериски гранатирања, што имаат за цел да го запрат напредувањето на Курдите, забележаа американските медиуми.
Оваа победа е последниот тежок удар за бунтовниците, кои претрпеа неколку порази од силите на режимот, откако на 1 февруари во оваа провинција почна голема офанзива со поддршка на руската авијација.
Бунтовниците, се уште, се побројни во Мареа, источно од Тал Рафат, и во Азаз, на границата со Турција.
Сириските демократски сили, пред неколку дена, по жестоки борби со исламистичките бунтовници успеаја да го заземат и воениот аеродром во Миниг.
Ново на Сител
-

Невреме ги зафати Скопје и Куманово
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
-

Обвинителството бара притвор за осомничените од гостиварски „Комуналец“, се соочуваат со најмалку четири години затвор
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
-

„Зајакнете ја врската со татковината“ – Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло
-

Кривична за 75-годишен маж за предизвикување пожар
-

Во Албанија полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци
-

Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија | ВИДЕО
