Сириски бунтовнички групи откажаа учество на конференцијата во Сочи организирана од Русија

Сириски бунтовнички групи откажаа учество на конференцијата во Сочи организирана од Русија. Тие соопштија дека Москва се обидува да го заобиколи женевскиот мировен процес организиран од ОН и ја обвинија за воени злосторства во нивната држава.
Во соопштение, околу 40 бунтовнички групи нагласуваат дека Москва не вршела притисок врз сириската влада за постигнување политички договор. Русија доби поддршка од Турција и од Иран за свикување Конгрес за сириски национален дијалог на 29 и 30 јануари во Сочи.
– Русија не придонесе ниту со еден чекор за намалување на страдањата на Сиријците и не изврши притисок врз режимот да преземе реален пат за изнаоѓање решение, се вели во соопштението.
– Русија е држава агресор, која изврши воени злосторства врз Сиријци. Таа го поддржува режимот воено и политички, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
