Синдикатот на УКИМ бара итна средба со Владата
Синдикатот на УКИМ бара од Владата во најкус можен рок да одржат средба, на која ќе се разговара за зголемување на платите на вработените и потпишување на Колективен договор.
– Се надеваме дека, како и за другите професии и дејности во државата на кои што значително и неколкукратно им беа покачени платите, Владата ќе покаже разбирање и подготвеност за потпишување на нашиот колективен договор со што ќе се обезбеди достоинствена плата за вработените на УКИМ. Во спротивно, ќе бидеме принудени да организираме протести пред Владата за заштитата на правата и стандардот на вработените на УКИМ, вели претседателот на Синдикатот на УКИМ, проф. д-р Ангел Ристов.
За состојбата на УКИМ, Синдикатот ќе ги извести и Постојаната мисија на ЕУ, Меѓународната организација на труд, Меѓународните синдикати од областа на образованието, Амбасадата на САД и земјите членки на ЕУ.
Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на 2 јуни одржа мирен протест пред Ректоратот на УКИМ, изразувајќи незадоволството од влошената материјална положба на вработените.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на 2 јуни повика протестот да биде предупредување, а не закана за јунската испитна сесија и да не им се наштети на студентите. Зголемување на платите во високото образование, најави тој, ќе има од септември и тоа е предвидено со ребаланс на Буџетот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонските транспортери на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња
-

Сточарите со ултиматум: Итно решение за овчата сипаница
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
