Симпозиум за балканскиот фолклор со 65 учесници

Шеесет и пет проучувачи на фолклорот, од кои една третина од странство (Бугарија, Русија, Косово, Полска, Грција, Србија) денеска и утре учествуваат на 19. Меѓународен симпозиум за балкански фолклор на тема „Традиција и современост во фолклорот на балканските народи“ кој го организира Институтот за фолклор „Марко Цепенков“од Скопје.
- Карактеристика на овој симпозиум е она по што е познат Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, а тоа е мултидисциплинарниот пристап во истражувањата, што секако ќе најде одраз во рефератите што овие два дена ќе бидат презентирани овде. Преку нив ќе се обидеме да одговориме на прашањето на кој начин традицијата и современоста се преплетуваат, колку влијаат една на друга, но и како ние денес ја доживуваме традицијата, на кој начин и се навраќаме како научници и го препрочитуваме минатото, следејќи ги барањата на современата наука, рече на отворањето на дводневниот симпозиум Катерина Петровска-Кузманова, претседател на организацискиот одбор.
До 2008 година симпозиумот се одржуваше во Охрид, а од минатата година во Скопје. Рефератите се објавуваат во списанието „Македонски фолклор“ кое, како и Институтот „Марко Цепенков“ идната година ќе одбележи 50 години постоење.
Во изјава за МИА Петрова-Кузманова рече дека Институтот за фолклор се соочува со истите проблеми како и сите институи што порано беа национални, а од 2012 се преименуваа као јавни научни установи.
- Проблемите се, главно, што веќе десет години нема средства за проекти. Се одобруваат средства кои не се во функција на научната работа, туку се за плати, материјални трошоци, за поправки, тековни активности. Така што, тоа останува горлив проблем - научни проекти нема, а за научни престои и патувања на научниците се снаоѓаме со сопствени средства. Понекогаш и издавањето на списанието, кога не е финансирано од Министерството за култура, го издаваме од сопствени средства, рече Петровска-Кузманова.
Како и во другите институти, проблем е подмладувањето на кадарот но, сепак, вели таа, се во подобра ситуација затоа што пред три-четири години се примени пет млади асистенти и дел од нив веќе се пред докторат.
- Остануваат уште четири места непополнети, меѓутоа сега ни се одлева административниот кадар, додаде Петрова-Кузманова.
На Институтот за фолклор има постдипломски и докторски студии. Интересот не е многу голем, се запишуваат од еден до најмногу четворица во една година.
На отворањето на симпозиумот настапи ансамблот „Македонија“ кој е составен од студенти од Катедрата за етнокореологија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, од насоката за традиционална музика и игра. Ансамблот има околу 40 членови - инструменталисти, пејачи и играорци кои професионално го изучуваат фолклорот. На денешниот настан изведоа игри од пределот Пијанец.
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
