Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна неопходноста од добивање безбедносни гаранции од Европа и Соединетите Американски Држави во случај на можен мировен договор. Изјавата ја даде денеска, за време на неговата посета на Хаг.
По разговорите со вршителот на должноста холандски премиер, Дик Схоф, Зеленски изјави дека на Украина ѝ се потребни „правно обврзувачки гаранции“.
– Има многу прашања за тоа како можеме да добиеме заштита без да бидеме членка на НАТО, рече Зеленски. „Мора да добиеме поддршка и за нас е важно да ги имаме сите безбедносни гаранции“.
Тој наведе дека на вчерашните разговори во Берлин, европските и американските учесници ветиле конкретен придонес кон безбедноста на земјата. Сепак, тој не прецизираше кои земји се подготвени да учествуваат во договорените мултинационални безбедносни сили.
Зеленски додаде дека документ со овие детали ќе биде објавен само по прекинот на огнот.
Претседателот на Украина соопшти дека преговорите сега ќе продолжат во американскиот град Мајами, каде се очекува и Русија да го даде својот одговор. Тој нагласи дека нема да биде присутен на разговорите.
МИА
Ново на Сител
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
-

ДСЗИ побара стручна комисија да испита дали починатото новороденче на ГАК било соодветно лекувано
