-->
-->
Силен ветер во Битолско, предизвикани штети на јавни и приватни објекти
-->

Силниот ветер кој со најмоќни удари дуваше во периодот од 05.30 до 6.30 часот предизвика повеќе штети на приватни и јавни објекти во Битола и Битолско.
Од регионалната канцеларија на Дирекцијата за заштита и спасување од кризи потврдија дека се прибираат информации за предизвикани штети, откорнати дрвја и настрешници, а во повеќе села има и прекин на снабдувањето со електрична енергија.
- Повеќе и поконкретни информации ќе соопштиме во текот на денот, истакна Димче Јошевски, раководител на регионалната канцеларија на Дирекцијата за заштита и спасување од кризи во Битола.
Според АМСМ, ветар со силен интензитет има на Попова Шапка, Стража и Маврово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
