Сибиха: Нереално е завршување на војната во Украина без Трамп

Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха на Минхенската безбедносна конференција изјави дека завршувањето на војната помеѓу Русија и Украина е „нереално“ без американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој на панелот „Во фокус – безбедносните гаранции за Украина“ посочи дека во Абу Даби се одржаа три рунди разговори во трилатерален формат – Украина, САД и Русија.
- Напредуваме. И сме благодарни на нашите американски пријатели, бидејќи без Трамп е нереално да се стави крај на оваа војна. Под американско водство, можеме да постигнеме напредок, но во исто време мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија - наведе Сибиха.
Според него, Русија не покажува подготвеност за сериозни преговори.
- Наместо тоа, украинската страна има остварливи предлози. Она што сега го имаме е дека Американците се вклучени во процесот, што е одлично. Под личното водство на Трамп, имаме шанса да ги забрзаме мировните напори. Украина е подготвена со своите изводливи предлози. Секако, нема мировни договори на сметка на нашиот територијален интегритет и суверенитет, посочи Сибиха.
Тој, исто така, изрази надеж дека следната рунда разговори ќе се фокусира на акција, а не на реторика.
Не станува збор за самиот процес, сега е време за акција и конкретни чекори, посочи Сибиха.
Ново на Сител
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
