Шведската амбасада организира изложби за лица со посебни потреби

Амбасадата на Шведска, во соработка со Шведскиот институт, вечер од 19 часот во Дом на АРМ ќе ги отвори изложбите „Пристапност” и „Дизајн за достоинствен живот” кои ќе може да се посетат до 16 октомври.
На изложбата „Пристапност“ се прикажани фотопортрети на 14 Швеѓани со посебни потреби снимени од фотографот Маркус Марчетиќ, како и портрети на 11 Македонци од фотографот Томислав Георгиев. Нивните приказни се раскажани од Рикард Лагерберг и Небојша Илијевски.
- Овие 25 фото приказни ни ги презентираат предизвиците, но уште повеќе, успесите на лицата со посебни потреби во Шведска и Македонија, соопшти Шведската амбасада.
Изложбата „Дизајн за достоинствен живот”, пак, содржи 22 производа - иновативни решенија наменети да им го олеснат животот на лицата со посебни потреби и нивните негуватели. Од екстра лесни колички и пристапни рампи, преку ИТ-решенија и прилагодени друштвени игри, до специјално дизајнирани пакувања и прибор за јадење.
Локални партнери на Амбасадата се агенцијата „Холистик”, која беше задолжена за продукцијата на македонскиот дел од изложбата, и Асоцијацијата „Дајте ни крилја” со која Амбасадата ќе организира серија настани.
Асоцијацијата ќе организира Меѓународен конгрес на лицата со посебни потреби, од 13-ти до 15 октомври, каде што гости предавачи од Шведска ќе бидат Сара Шамлу и Пер Јохансон. На крајот на конгресот, вечерта на 15 октомври, ќе биде прикажан и шведскиот филм „Како да ги врзам врвките”. Затворањето на конгресот, пак, ќе биде со традиционалниот „Бал на различностите” на 16 октомври.
- Со отворањето на изложбите, изложбениот простор и концертната сала на Домот на Армијата првпат стануваат пристапни за лицата со посебни потреби, бидејќи токму таа вечер во употреба ќе биде ставена донираната пристапна рампа, соопшти Шведската амбасада.
Ново на Сител
-

Американската војска почна нова серија напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ
-

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Дебрца
-

Сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
