-->
-->
Штрајк во грчкиот фудбал
-->

Грчките фудбалери од наредната недела ќе стапат во штрајк на неопределено време, објави во вторникот Грчкиот синдикат на професионални фудбалери (PSAP).
Грчкиот фудбалски сојуз и двете водечки лиги (Супер лига и фудбалската лига), не го испочитувале договорот постигнат пред две години, а според кој требало да биде основан фонд за помош на фудбалери кои добиле дозвола да заминат од тимовите кои се соочуваат со финансиски проблеми, се вели во дел од соопштението на PSAP.
Фудбалските клубови Ники Волос и ОФИ од Крит минатата сезона беа исфрлени од Супер лига поради финансиски проблеми, а бројни фудбалери ги напуштија клубовите поради неисплатените плати.
Штрајкот ќе започне со натпреварите од третото коло во Купот на Грција кои на програмата се од 15. до 17. декември, а ќе продолжат со редовното коло во Супер лигата кое на програмата е од 19. до 21. декември.
„Не постои поинаков начин за да се зачува нашата професионална, економска, спортска и материјална егзистенција. Бараме да се активира фондот за помош, за чие формирање потпишавме договор. Не бараме ништо повеќе од она што го заслужуваме“, се вели во соопштението на PSAP.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нова тура ирански напади врз државите во Заливот, експлозии и сирени во Доха, Дубаи, Абу Даби и Кувајт
-

Трамп: Сите потенцијални наследници на Хамнеи се мртви
-

По нападите врз Иран скок на цената на нафтата
-

Нова војна меѓу Израел и Хезболах: Во израелски напади врз Бејрут загинаа 31 лице, луѓето масовно бегаат од градот
-

Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
-

Британската база на Кипар погодена од ирански дрон
-

Доделување на новинарските награди од конкурсот на тема за загадувањето на воздухот
-

Во Кувајт се урна американски Ф-15, пилотот се катапултираше
