Штрајк на вработените во „Ер Франс“
- Француската полиција за разбивање демонстрации денеска употреби бибер спреј против вработени во компанијата „Ер Франс“, кои за време на протестот се обидоа да упаднат на терминал на парискиот аеродром „Шарл де Гол“.
Поради штрајкот на вработените на „Ер Франс“, кои во седиштето на компанијата на аеродромот протестираат за зголемување на платите, се откажани повеќе летови, со што се засегнати илјадници патнци.
Незадоволните работници се обидоа со еднодневен штрајк да извршат притисок врз менаџментот на компанијата, барајќи зголемување на платите за шест отсто.
Претседателкот на синдикатот на компанијата Патрик Анри Ај вели дека продуктивноста во последните седум години е зголемена за 30 отсто, а нивните плати останале исти.
- Минатата година нашите водечки менаџери си ги кренаа платите за 67 отсто, а нам за нула проценти, изјави тој.
Компаниајта „Ер Франс“ соопшти дека денеска ќе изведе 75 проценти од планираните летови, како и дека половина авиони на другите летови нема да полетаат од Париз.
Компанијата им се извини на патниците поради непријатностите и ги повика оние кои имаат резервации да ги заменат билетите „без дополнителни трошоци“.
Ново на Сител
-

Такси дејноста станува хоби, не професија
-

Двојно поголем интерес за субвенции за возачки во Радовиш од предвиденото
-

Охридската болница станува регионален центар
-

Германскиот јазик се поатрактивен кај учениците - Прилеп домаќин на Државната олимпијада за основци
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
