Што крие шумата: Не нападна чудовиште, за малку ќе не растргнеше!

Мирјана (52) и Драган Станковиќ (54) родум од Равни Део, сместено речиси на самата административна линија со Косово и Метохија, враќањето во мракот о дбербата на шумски плодови за малку ќе го платеа со живот.
Во густата шума на падините на Кукавица одеднаш се појави чудно животно. На почетокот делуваше мирољубиво, но потоа стана агресивно.
-Како пред нас да почна да скока куче, па поголема овца, па нешто налик на мечка, па се претвори во поголем петел, кој пушташе различни крици, набројува Мирјана додека ги лекува гребаниците кои ги здобила додека бегала низ шумата.
Драган помина полошо од неа. Сместен е во болница. Вели дека секоја година берат шумски плодови за да подготват квалитетна зимница. Вели дека не се плашеле, зошто во близина има и полициски пункт.
-Порано од старите сме слушале за разни чудовишта, чудно животни кои давеле кокошки, јагниња... Не верувавме. Но ова за нас беше многу чудно. Не можев да се бранам зошто во раката држев шипинки, капини и други плодови. Нешто ме удри. Изгледаше како мече, а потоа почна да испушта некои звуци. Повторно се обиде да скокне на мене, но како да не беше мечка туку нешто помало. Ја повикав сопругата, а таа ја вклучи батериската лампа. Мене ова животно ми личеше на и на куче, и пак скокна, а јас ја заштитив со гранка. Така беше неколку пати додека од џеб не ја извадив запалката и ја запалив. Животното со врескање се повлече на страна, а јас запалив лисја и исчезна, објаснува Драган.
Неговата состојба е подобрена и ќе биде пуштен на домашно лекување.
-Најлошото помина. Сето ова ми доаѓа како лош сон. Имам повреди по главата и телото. Сопругата се исплаши. Не сме начисто што беше тоа: мечка, омаја или куче...вели тој.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Крива Паланка, најстудено на Попова Шапка
-

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено од меѓународните медиуми
-

Иран го негира тврдењето на Трамп дека ураниумот ќе биде префрлен во САД
-

Американската војска потврди дека и ги предаде главните бази во Сирија на владата во Дамаск
-

Муцунски ќе се обрати на панелот „Жнеење мир на Балканот: дијалог, бизнис и поврзаност“ на Дипломатскиот форум во Анталија
-

Трамп: Примирјето во Иран може да заврши доколку до среда не се постигне долгорочен договор
-

Руте: Не ги гледам САД како го напуштаат НАТО
-

Сончево со мала до умерена облачност

