Што им е заедничко на Никол Шерцингер и Дејвид Бекам?

Никол Шерцингер, која е на прагот на петтата деценија од животот, вели дека се гордее со својата физичка форма и открива дека ја одржува тренирајќи со поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација - Дејвид Бекам.
Имено, тие двајцата одат во ист фитнес центар и имаат ист инструктор.
Во интервју за „Хелоу”, поп пејачката вели и дека Италија е нејзиното омилено место за релаксација.
- Италија има нешто посебно во воздухот. Венеција, Фиренца, Портофино, Верона, Рим, Капри - ги сакам сите тие. Таа е дом на моето срце и дух, нагласува Никол.
Натаму, таа вели дека кога некој ја става кариерата во прв план, мора да жртвува голем дел од приватниот живот.
- Имам поддршка од избрана група пријатели. Немам квантитет, тоа е сигурно, но имам квалитет. Секогаш сум била повеќе интровертна... Врските страдаат. Погледнете ме. Јас не сум мажена и се уште немам деца, рече таа.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
