Штипската Градска капела ќе добие два паркинг простори
Штипското комунално претпријатие „Исар“ ќе го решава проблемот со паркинг местата кај Градската капела. Директорот на ЈП „Исар“ Ангел Бојаџиев на денешната прес-конференција објави дека веќе од страна на општината и на комуналното претпријатие распишан е тендер за изградба на паркинг местата.

- Овде ќе се направи паркинг простор пред и позади Градската капела, ќе има значи два паркинга. Исто така сакам да најавам дека се асфалтираат и патеките кои што водат кон стариот дел и кон најновиот дел на гробиштата. Она што го направивме како мини стојалиште пред црквата ќе продолжи со пат и ќе се спои со долниот дел на гробиштата, а и на овој дел ќе направиме уште еден паркинг. Така да луѓето кои ќе доаѓаат нема да газат во кал, вели Бојаџиев.
Изградбата на нови паркинг места и патеки на Градските гробишта ќе чини околу 85.000 евра. Инвестиција обезбедена од буџетот на општина Штип и од ЈП „Исар“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
